недела, 20 октомври 2024

Доколку француски војници бидат испратени во Украина, Русија ќе преземе мерки што нема да бидат само политички

Доколку француски војници бидат испратени во Украина, Русија ќе преземе одмазднички мерки кои нема да бидат само на политички план, изјави претставникот на Министерството за надворешни работи на Русија, Артем Студеников.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Прашувате за нашата можна дипломатска реакција, но очигледно е дека доколку се реализира такво сценарио, мерките за одговор ќе бидат далеку надвор од политички план. Француската страна е директно предупредувана за тоа неколку пати“, рече Студеников, кој е директор на првиот европски оддел на руското Министерство за надворешни работи за РИА Новости.

Рускиот дипломат истакна дека иако „сè повеќе воинствената реторика“ на францускиот претседател Емануел Макрон не е широко поддржана од сојузниците во ЕУ и НАТО и дека мнозинството Французи ја отфрлаат, Москва не може, а да не ги сфати сериозно таквите изјави.

Како што истакна Студеников, учеството на Франција во непријателствата во Украина и официјално би ја направило страна во конфликтот, што во голема мера би го зголемило ризикот од конфликт меѓу двете нуклеарни сили на бојното поле, а во исто време и француската војска „ќе стане легитимна цел“ на руската, рече тој.

Тој изрази надеж дека во владејачките кругови во Франција ќе преовлада „ако не здравиот разум, тогаш барем инстинктот на самоодржување“.

„Вака или онака, ние сме подготвени за секаков развој на настаните“, заклучи Студеников.

Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на мај изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија ја пробие линијата на фронтот и дека таквото барање доаѓа од Киев.

Според неговите зборови, „многу земји од ЕУ“ се согласиле со ваквиот пристап на Франција, пренесува РИА Новости.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ