петок, 26 јули 2024
ОЈО Скопје

Доказите од запалениот пасат на директорот на Идризово се собрани, се бара сторителот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ Идризово кој го користел директорот на установата.

Објавено на

часот

Сподели

„Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија“, информираат од ЈОРСМ.

Во полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј..

Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ