петок, 27 декември 2024

Дојче Веле: Македонците се жешки како жежок зејтин

Објавено на

часот

Сподели

Германската спортска јавност е преокупирана со ракометот во пресрет на решавачкиот дуел на ЕП во Србија против Македонија, а како и Швеѓаните, за почеток повеќе е исплашена од македонските навивачи отколку од ракометарите. Капитенот Паскал Хенс разочара против Чесите и не постигна гол, а во пресрет на дуелот денеска очекува уште потешка задача, потенцирајќи ги македонските навивачи.

Мораме да останеме ладнокрвни, вели Михаел Хас

„Мораме да излеземе од дупката. Против Македонија ќе биде многу тешко. Тоа мораме да си го прифатиме во главите“, вели Хенс.

И неговиот соиграч Михаел Хас се согласува со оцената дека навивачите од Македонија им ја прават задачата потешка.
„Македонците се жешки како жежок зејтин. Тоа е неверојатно. За нас ова ќе биде како меч на гостински терен и мораме да останеме ладнокрвни“, вели Хас.

Атмосферата ја коментираше и селекторот Мартин Хојбергер.

„Мораме да бидеме подготвени за тоа. Ваков фанатизам на трибините, тоа го има само на Балканот. Но во тоа е и возбудата и предизвикот во играта“, вели Хојбергер.

Германците се плашат од нашите навивачи

Во пресрет на дуелот се анализира и тактиката на германскиот тим. Речиси е извесно дека одбраната ќе се врати во вообичаената формација 6-0, откако обидот да се игра поагресивна 5-1 формација не даде плод на дуелот со Чешка. Многу критики доби тимот за недостигот од тимски дух кај поранешниот капитен Даниел Штефан, кој додал дека ако се повтори играта против Чешка, Германија нема шанси за победа.

Ако Германија загуби од Македонија денеска, тоа ќе биде двоен историски неуспех за нивниот тим. Првпат во историјата една германска ракометна репрезентација нема да избори учество на Олимписките игри, а и првпат ќе испадне уште во групната фаза на европските првенства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ