сабота, 27 јули 2024

Договорот за автопатиштата главно обележје и причина за жестока расправија на седницата за пратенички прашања

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски порача до вицепремирот Артан Груби да одговори кој и зошто предложил закон спротивно на одлука на уставен суд и се согласил да плати големи казни.

„Ти ќе бидеш првиот што ќе оди во затвор. За вакви договори ќе има одговорност. Да се плаќаат пенали со народни пари за некој да се богати“, рече Стојаноски.

Премиерот Димитар Ковачевски застана во одбрана на договорот за автопатиштата и рече дека тој е од стратешко  значење за државата и станува збор за проект од голема важност за Македонија.

Ковачевски потсети на поднесените амандмани од Левица и додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се кријат за нив. Според него, Димитар Апасиев ја води дебатата и ги води постапките на вкупната опозиција која, како што рече, седи на левата страна во Собранието. 

„Во амбасадите одите како мачиња, предете, велите ние сѐ поддржуваме, ама Левица ги поднесе амандманите. Барем еднаш застанете зад стратешките интереси на државата“, им рече Ковачевски на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Во изградбата на овој инфраструктурен проект, ќе биле вклучени 51 отсто од македонските компании, работници и останати ресурси убедуваше премиерот Ковачевски. 

Пратеничката од редовите на ВМРО – ДМПНЕ Ели Панова упати прашање до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој не беше присутен на седницата, а кој е пописник на договорот и праша како може Македонија да е веќе должна кон изведувачот 300 милиониевра, а работите на терен уште не се почнати.  Според неа ќе има одговорност за Бочварски бидејќи тој бил единствен потписник на договорот.

Премиерот кој што ги даваше повеќето одговори во врска со договорот за градбата на автопатите долж коридорите 8 и 10д, наведе дека нема никакви пенали, а државата има опција автопатите да се градат во рок од четири години и седум месеци, што го зададе Владата или да прифати градба по постојната регулатива, која би значела подолго време на градба.

„Што се однесува околу измените на Законот за експропријација и доколку тие не се донесат во предложената форма во Собранието, премиерот рече дека вакви одредби има и во сегашното законско решение, потенцирајќи ја при тоа важноста на овој проект, а првата исплата на овој договор која уште не е реализирана, е авансот“, рече Ковачевски.

 

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ