четврток, 26 декември 2024

Договорот со Синохидро ќе се продолжи, ама нема да чини повеќе пари, тврди Министерството за транспорт

Новиот анекс на Договорот со кинеската компанија Синохидро за изградба на автопатот Кичево-Охрид се однесува само на продолжување на временскиот рок за изградба кој сега се предлага да биде до крајот на 2026 година, а финансиските средства за изградба остануваат непроменети, односно 598 милиони евра, велат од Министерството за транспорт и врски, откако Владата синоќа усвои Информација на продолжување на рокот за изградба и законот го препрати на усвојување во Собранието.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за транспорт велат дека Одлуката за продолжување на рокот е заснована врз основа на информациите содржани во извештајот од ФИДИК експертот кој беше изготвен поради истекот на претходниот рок од 31 декември 2023 година.

Согласно новиот анекс, изведувачот се обврзува да ги изгради и да ги пушти во сообраќај до 31 ноември 2026 година подделниците 1 и 2, до 31 август 2025 година делница 2.2 и делница 3, а до 30 септември 2026 година делниците 4 и 5.

„Продолжувањето на рокот е неопходно поради појавата на новите 13 свлечишта што се појавија на трасата, а како резултат на несоодветното проектирање и прераното започнување на изградба без да се земат предвид реалните состојби на теренот коишто требало да се третираат во првичната проектна документација“, објаснуваат за МИА од Министерството за транспорт.

Потенцираат дека изградбата на автопатската делница е приоритетен проект за Владата, како дел од Коридорот 8 и се преземеаат сите активности за да биде завршен согласно сите градежни и безбедносни стандарди.

Собранието утре треба да ја одржи последната седница пред распуштањето заради одржување на претседателските и параламентарните избори закажани за 24 април и 8 мај.

Анексот на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, што почна да се гради во февруари 2014 година, ќе биде шести по ред. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколкуте анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра. На крајот на минатата година ресорното Министерство ангажираше експерт за Фидик-договори задолжен да направи анализа на Договорот за изградба на автопатската делница. Ангажираното вешто лице доставило извештај до Владата во која се посочуваат три опции – да се продолжи договорот со изведувачот Синохидро, продолжување на договорот со плаќање пенали и како трета опција целосно раскинување на договорот.

Претходно претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски изјави дека новиот  собраниски состав ќе одлучи на кој начин ќе продолжи проектот за автопатот Кичево-Охрид,  како што рече, дали со истиот изведувач или на крај ќе се бира изведувач којшто има покажано дека може да направи пат.

„Она што мора да се направи е првин тој пат да се заврши, бидејќи граѓаните на цела држава го заслужуваат Охрид како најголем туристички центар и таму треба да се работи со најзабрзано темпо“, рече претходно Ковачевски.

Како што соопшти, на завршени делници на патот, во последниот квартал на минатата година се појавиле 13 свлечишта со огромни количини земја, а имало и некои косини, коишто биле лошо проектирани, односно уште пред 10 години не се предвидело дека тие на крај завршуваат во Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ