четврток, 24 октомври 2024

Договорено е, Елмас оди во Лајпциг за трансфер вреден 25 милиони евра

Наполи и Лајпциг си подадоа рака за трансфер на Елиф Елмас вреден 25 милиони евра, македонскиот фудбалер потпишува договор до 2028 година.
 

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас веќе го одигра последниот натпревар за Наполи. Вечерва е постигнат договор за негов трансфер во Лајпциг.

Наполитанците за продажба на Елмас ќе добијат 25 милиони евра, а германскиот клуб ќе го добие потписот на нашиот фудбалер до јуни 2028 година.

Трансферот ќе биде комплетиран кога Елмас ќе ги помине медицинските прегледи кои би требало да се случат во наредните денови.

Елмас во Лајпциг ќе го носи дресот со бројот шест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ