сабота, 27 јули 2024

Додик: Заминување на странските судии е условот на Република Српска

Република Српска јасно кажа дека не му верува на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој, воден од настојувањата на одделни западни земји и муслимански политичари, направи сè за да го урне Дејтонскиот договор, а таа институција да ја претвори во декадентна и неуставна, изјави претседателот на Република Српска Милорад Додик.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сè направија на штета на уставот на БиХ, но и на српскиот народ и Република Српска. Заминување на странските судии и поништување на сите неуставни одлуки, е условот на Српска која до тогаш нема да бира судии. РС претходно бираше судии на Уставниот суд на БиХ во добра мера уверена дека е можна правичност во поглед на дејствувањето на тој суд“, кажа Додик во Бања Лука.

За жал, додаде Додик, во последните години не е така.

„Затоа ние не можеме да ѝ веруваме на таа институција. Судиите Срби таму служат како декор, а не како конструктивен дел од заштитата на уставот, не само на Србите и Република Српска, туку и на уставните вредности. Тоа го злоупотребија до таа мера што стана бесмислено“, кажа Додик.

Тој истакна дека Република Српска јасно соопштила дека двајцата судии од РС нема да бидат избрани додека не се регулира новиот состав на Уставниот суд, и да му се одземат сите неуставни надлежности и правила кои сам себеси си ги доделил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ