сабота, 27 јули 2024

Додик: Во процедура е идејата за промена на името на Сребреница

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека во Сребреница се работи на идејата за промена на името на тој град и ако собранието на општината донесе одлука да се смени називот, РС ќе донесе закон и ќе го прогласи за важечки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На луѓето кои таму живеат им е доста од етикетите кои се поврзуваат со тој топоним. Сметам дека луѓето имаат право да се изјаснат за тоа. според процедурата одредена со закон ако собранието на општина Сребреница донесе одлука да се смени тоа име во некое друго, тогаш Република Српска ќе донесе закон и ќе го прогласи за важечко. Немам јас тука што да правам, без оглед дали тоа им се допаѓа на Бошњаците или не“, кажа Додик.

Додаде дека, судејќи по реакциите на Бошњаците, сега сигурно тоа ќе биде топ тема. Додик наведе дека долго имало обиди да се стави префиксот „босански“ во што повеќе називи.

„И кога пред десетина години ги укинавме тие префикси, тоа беше лудница. Тие постојано го злоупотребуваат тој префикс“, кажа лидерот на босанските Срби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ