сабота, 27 јули 2024

Додик: Србите во БиХ „ментално интегрирани“ во Србија

Србите во БиХ се „ментално интегрирани“ во Србија и со задоволство би ја поддржале евентуалната независност, изјави претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, во интервју за АФП.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакаме да останеме тука“, рече Додик во интервју за агенцијата Франс прес еден ден пред Денот на РС, 9 јануари. АФП наведува дека Милорад Додик несомнено потврдува дека народот сака независност.

„Апсолутно сум сигурен дека луѓето разбираат за што се работи“, рече Додик, чии сецесионистички закани, според АФП, ја загрижуваат меѓународната заедница.

„Кога во одлучувачки момент би му била понудена платформа за независност, народот би ја поддржал“, додаде претседателот на РС.

Централниот настан на годинешното одбележување на 9 јануари како Ден на РС, кој Уставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи за неуставен, ќе биде свечено дефиле на плоштадот Краина во Бања Лука.

По повод 9 јануари, Додик и српскиот претседател Александар Вучиќ договорија синхронизиран огномет во 20 часот во сите градови на РС, како и во Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ