сабота, 27 јули 2024

Додик со Лавров: Русија е жртва на НАТО и Западот, се брани од нацизам и фашизам

Објавено на

часот

Сподели

Додик е веќе трет ден во посета на Москва и по вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин денес зборуваше на собир на руските сојузници, главно од Азија.

На снимката објавена од телевизијата на Република Српска (РТРС) Додик вели дека „хегемонистичкиот поредок кој го воспоставија САД заминува во минатото“ и дека Русија денес е само нова жртва на НАТО и Западот, откако тоа прво го доживеаја босанските Срби за време на војната во Босна и Херцеговина, односно Србија во 1999 година, кога беше нападната поради конфликтот на Косово.

Тој го осуди НАТО за експанзијата на исток, а особено поради повикот на воениот пакт да се придружат Украина и Грузија. За Европската Унија кажа дека е во „вазален однос“ кон САД.

„Нов предизвик е будењето на идеологијата на нацизмот и фашизмот, особено во Украина, што се прифаќа како оружје во борбата против Русија“, кажа Додик. За БиХ кажа дека е како колонија во која Западот ги крши сите стандарди на меѓународното право.

Додик на Твитер потврди и дека на маргините на московската конференција се сретнал со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ