среда, 11 декември 2024

Додик: Русија може и да погреши, но Србите ќе бидат на нејзина страна

Претседателот на ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека српскиот народ секогаш ќе биде на страната на Русите, дури и ако Русија направи нешто погрешно.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додик во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС кажа дека Србите ќе бидат со Русија, без оглед на настаните или позицијата на Западот.

„Што и да се случи, Србите ќе бидат на страната на Русите. Тоа го излудува Западот, затоа мислат дека Србите треба да бидат казнети. Русија може и да згреши, да направи нешто што не е во ред, но Србите ќе бидат на нејзина страна“, кажа Додик кој е под санкции на САД и Британија.

Додик на 21 февруари се сретна со рускиот претседател Владимир Путин четврти пат од почетокот на инвазијата на Русија во Украина, кажувајќи дека тоа му е чест.

„Тој (Путин) нас секогаш нè поддржува, бидејќи тоа е пријателство, бидејќи тоа се добри доноси, разбирање меѓу луѓето, меѓу лидерите, државите и народите. Денес некои го поставуваат прашањето на цената (на ова пријателство). Постои притисок кој доаѓа од Западот, кој се обидува да ги сврти сите против Русија. Ние тоа не го правиме“, кажа Додик.

Тој оцени дека Путин со доаѓањето на власт го спречил распадот на Русија, додавајќи дека рускиот претседател е „вистински државник, вистински претседател, човек кој ги сака својата земја и својот народ“.

Претседателот на РС кажа дека српскиот и рускиот народ ги спојува православната вера, приврзаноста кон истите политички принципи, љубовта кон татковината, патриотизмот и жедта за слобода.

Додик кажа дека западните земји сакаат да им ги наметнат своите ставови на Србите, како и да ги „казнат со санкции“, но дека Западот нема да може да го смени ставот на Србите кон Русите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ