недела, 19 мај 2024

Додик: РС, како одговор на резолуцијата за Сребреница, ќе почне постапка за самостојност

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека РС, како одговор на резолуцијата за Сребреница, ќе почне постапка за самостојност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Горд сум на решителноста да спроведеме мерки околу прашањето на самостојноста“, кажа Додик на конференција за медиумите, пренесува РТРС. Истакна дека елитата на босанските муслимани со резолуцијата за Сребреница постигнала сериозен автогол.

„Геноцид во Сребреница не се случи, да се случеше, немаше да има потреба постојано да се наметнува таа тема. Пресудите на судовите се однесуваат на поединци, а не на народ“, кажа Додик.

Според него, на просторот на Сребреница од 1992 до 1995 година загинале 4.100 муслимани, а никаде не се спомнуваат меѓу 2.500 и 3.500 Срби кои се таму убиени.

„Геноцидот е измислица која ќе нè раздели. Се обидуваат да нè примораат да останеме и покрај фактот што нè навредуваат. Од Сребреница сакаат да направат синоним за геноцид, а и понатаму не се знае колку всушност има загинати“, кажа Додик.

Тој порача дека Република Српска е стабилна и способна да се заштити од сите напади и дека никакви разговори за прифаќање на резолуцијата за Сребреница нема да постојат.

„Мирна поделба е единственото решение за сите народи во Босна и Херцеговина. Централната изборна комисија на БиХ узурпира надлежности кои ѝ припаѓаат на РС, а изборниот закон на Српска е во согласност со уставот“, заклучи Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ