сабота, 27 јули 2024

Додик: Република Српска ќе усвои свој изборен закон до 20 април

Република Српска ќе усвои свој изборен закон до 20 април, најави претседателот на РС Милорад Додик.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека Република Српска има право на свој закон.

„Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина нема што тука да бара. Ќе ги спроведеме изборите според наш закон“, порача Додик.

Тој истакна дека наметнувањето на изборниот закон на БиХ од страна на Кристијан Шмит било со цел Српска да се покори на институциите на БиХ.

„Наводно ѝ дал право на Централната изборна комисија да ги именува сите претседатели на гласачките одбори и да ги преведе во статус на државни професионални службеници. Тоа никогаш нема да се случи“, порача Додик.

Тој ја коментираше и најавената средба на Шмит со претседателот на Србија Александар Вучиќ, истакнувајќи дека очекува Шмит да доживее целосна делегитимизација во Србија.

„Ја разбираме ситуацијата во која е претседателот Вучиќ. Она што го најави и сакаше во лице да му го каже на Шмит е: „Оставете ги веќе приказните за духот на Дејтонскиот договор, покажете каде и што пишува, а потоа ќе разговараме. Ние веќе со децении зборуваме за буквално почитување на Дејтон. А странските фактори не го сакаат буквалниот Дејтон, туку сакаат тука да спроведат моќ и да го урнат политичкиот систем, воведувајќи финансиски и други санкции“, наведе Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ