четврток, 30 мај 2024

Додик: „Одвратниот западен свет им наметнува колективна вина на Србите“

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик собра синоќа во центарот на Бања Лука неколку илјади поддржувачи во знак на протест против резолуцијата со која Генералното собрание на Обединетите нации би можела да го прогласи злосторството во Сребреница за геноцид и повторно се закани со отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неговиот повик го бојкотираа опозициските партии означувајќи го како политичка манипулација.

Злосторството на Бошњаците во Сребреница во 1995 Додик го нарече „грешка“ и „тешко злосторство“, но истакна дека не е геноцид. Кажа дека „одвратниот западен свет“ предводен од Германија учествува во заговор чија цел е на Србите да им се наметне колективна вина во корист на Бошњаците, и истакна дека Србите повеќе не сакаат да живеат со нив.

„Да има правда ние би биле во состав на Србија и не би постоело ова срање кое се вика БиХ, и така и ќе биде“, кажа Додик, додавајќи дека верува дека за тоа ќе се создадат услови ако победи Доналд Трамп на изборите за американски претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ