сабота, 19 октомври 2024

Додик од Будимпешта тврди дека Унгарија го презема Еуфор

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик кажа дека Унгарија, и покрај противењето на дел од политичарите во Босна и Херцеговина, ќе инсистира на преземање на командата над воените сили на Европската Унија во таа земја (Еуфор). Додик ова го изјави во Будимпешта каде се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Објавено на

часот

Сподели

Украина го спречува воведувањето ЕУ санкции против Додик и Република Српска кои веќе ги воведоа Соединетите Американски Држави и Британија.

Додик истакна дека Унгарија ќе продолжи цврсто да ја поддржува РС, вклучувајќи ги инвестициите и енергетскиот сектор, а потврди дека со Орбан разговарал и за плановите Унгарија од Австрија следната година да ја преземе оперативната команда над мисијата Алтеа, воспоставена во 2004 за да се надгледува почитувањето на воениот дел на Дејтонскиот договор и безбедносната состојба во БиХ.

Министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез минатата недела изјави дека Сараево е против тоа бидејќи Унгарија ја сметаат за премногу пристрасна односно блиска до Додик, но и на политиката на Русија. Додик истакна дека сега ѝ е редот на Унгарија да командува со Еуфор и дека тоа треба да се почитува. Кажа дека лично нема ништо против продолжување на мандатот на мисијата Алтеа, но дека е против проширувањето на нејзиниот мандат.

Одлуката за продолжување на мандатот на Еуфор секоја година ја носи Советот за безбедност на ОН па секогаш постои можност Русија да се спротивстави, особено ако од неа тоа го побара Република Српска. Министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ минатата недела тврдеше дека во таква ситуација НАТО е спремно повторно да се ангажира во БиХ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ