сабота, 27 јули 2024

Додик најавува отцепување, САД: Република Српска може да постои само во БиХ

Американската амбасада во Босна и Херцеговина остро го предупреди лидерот на босанските Срби Милорад Додик дека неговото инсистирање на донесување посебен закон според кој Република Српска би спроведувала избори или пак би се обидела да се отцепи би претставувало отворено кршење на Дејтонскиот договор, на што Соединетите Американски Држави сигурно ќе реагираат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додик претходно кажа дека РС до 20 април ќе донесе свој изборен закон ако пред тоа не бидат поништени техничките измени кои ги наметна високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит. Тој вчера, по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, најави дека РС ќе прогласи самостојност ако во Обединетите нации биде усвоена резолуција за геноцид во Сребреница.

Амбасадата на САД реагираше со изјава дека какви било избори спроведени според антиуставен, „паралелен изборен систем“ не би имале легитимитет, а оние кои учествуваат во нивната организација би се бавеле со антидемократско, противуставно и ентидејтонско дејствување.

„Соединетите Држави беа јасни дека се спремни да одговорат на антидејтонските акции на локални актери и дека ги поддржуваат акциите на високиот претставник. РС е ентитет во составот на државата Босна и Херцеговина. Таа е составен дел на државата, но ни РС ни Федерацијата БиХ не постојат надвор од Босна и Херцеговина. Уставот на БиХ не дава право на ентитет или која било единица на отцепување“, се наведува во соопштението на амбасадата на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ