петок, 26 јули 2024

Додик најави тужба против американската влада поради санкции на поединци во РС

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денес во Бања Лука дека на состанок на владејачката коалиција во РС е договорено да се обезбедат средства и да се најде најеминентна адвокатска куќа во Соединетите Американски Држави за тужба против американската влада поради тоа што со воведувањето на санкции се загрозени основните човекови права на поединци во РС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до нас, ставивме точка на санкциите. Нека зборуваат што сакаат, ние немаме време да се бавиме со тоа ниту пак сакаме“, им кажа Додик на новинарите, повикувајќи ги медиумите во РС „да престанат да пишуваат за тоа“.

Потоа на социјалната мрежа Икс напиша дека е „излишна секоја приказна за санкциите“, повикувајќи ги сите „да престанат да коментираат било што“.

„Тоа за нас во Српска не е тема, бидејќи токму тие кои го уриваат меѓународниот поредок и владеењето на правото сакаат тоа да ни биде топ тема“, наведе Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ