сабота, 27 јули 2024

Додик: На српските функционери во БиХ ќе им забранам каков било контакт со НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Не прес конференција во Бања Лука, која ја одржа со претседателката на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, Додик најави дека решително ќе се труди да го спречи придружувањето на БиХ во НАТО.

Како доказ за таа решителност е одлуката функционерите кои ги контролира на ниедно нив да не контактираат со претставниците на западниот воен пакт.

„Тоа се однесува на членовите на Советот на министри на БиХ, министрите во владата на РС и српските членови на комисијата на БиХ за соработка со НАТО“, кажа Додик.

Цвијановиќ со вето во државното претседателство ќе спречи одржување какви било воени вежби на територијата на БиХ, најави Додик дел од политиката на дистанцирање од НАТО. Таа одлука ќе биде на сила сè додека трае војната во Украина, а РС покрај тоа ќе спречи секаков обид за воведување санкции на Русија, на што инсистира Европската Унија, кажа Додик.

Конференцијата за медиуми ја искористи за да го прогнозира распадот на Европската Унија и за уште една критика на американскиот амбасадор во БиХ Мајкл Марфи, за кого кажа дека води „смрдлива политика“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ