петок, 26 јули 2024

Додик: Муслиманите прифатија странците да одредуваат сè, Србите не и нема

Република Српска сакаат да ја спречат да управува со своите ресурси и од тие причини сакаат децентрализација на Босна и Херцеговина, кажа претседателот на РС Милорад Додик додавајќи дека муслиманите прифатиле БиХ во која странците сè одредуваат, а дека Србите не прифатиле, ниту пак ќе го направат тоа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По одлуката на Уставниот суд на БиХ, кој тврди дека имотот е во исклучива надлежност на БиХ, Додик кажа дека намерата е од Република Српска да направат „протоколарна лушпа“.

„Всушност тука се крие сериозна причина други да управуваат со БиХ. Муслиманите веќе прифатија странците да одредуваат сè во БиХ. Ние Србите не сме прифатиле и немаме намера да го направиме тоа, барем не оваа генерација. Но некои размислуваат дека е можно да бидеме натерани. Сега ресурсите се главната приказна во светот“, кажа Додик.

Тој оцени дека светот сега се позиционира токму на тој начин за да може да се обезбедат суровини, а Република Српска има ресурси и свесни се за тоа, па сега придвижуваат локални иницијативи за да се врши копање на места каде што има руда и да ги дочекаат, како што тие мислат, своите господари.

„Тогаш никој нема да прашува. Ќе дојдат мултинационални компании, ќе влезат и што имате вие со тоа, Сараево дозволило да се копа литиум. Ако некој се буни тогаш ќе дојде полицијата, или некои други сили кои тоа ќе го спроведат“, кажа лидерот на босанските Срби.

Тој оцени дека уставниот суд е карикатура и дека си дал овластувања кои ги нема ниеден суд во светот.

„Да сакаа БиХ да биде правна држава, тогаш по пет години требаше да се ослободат од странците во уставниот суд“, кажа Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ