„Не се закануваме, само констатираме дека не постои висок претставник, дека е имагинација тоа што го прават и, доколку лажниот висок претставник се осмели тоа да го направи, РС нема да се колеба да го заштити своето право и да го прогласи својот статус“, им кажа Додик на новинарите.
Додаде дека Република Српска „не спроведува никаква акција во таа смисла, туку укажува на можна реакција“.
На новинарското прашање кој би поддржал прогласување на самостојност на РС, Додик одговори дека „ќе го поддржи народот“, истакнувајќи дека тоа е најважно.
Додаде дека со Дејтонскиот мировен договор РС добила меѓународно признавање со голем степен на самостојност, истакнувајќи дека кон тоа тежнее.
„Дали ќе имаме столче во Обединетите нации не е ни важно, ако дојдеме до таа ситуација која за мене е секогаш хипотетичка. Хипотетички гледано, РС не мора да има столче во ОН, има други кои веќе имаат столче и кои ќе нè застапуваат“, заклучи тој.