сабота, 27 јули 2024

Додик: Ја почитуваме целовитоста на БиХ, но сериозно размислуваме за отцепување ако не ги почитуваат нашите права

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да се почитува уставот на Босна и Херцеговина, почитување на Дејтонскиот договор, почитување на интегритетот на БиХ – океј, но почитување и на правата кои на РС несомнено ѝ се дадени во уставот“, кажа Додик на заедничката конференција за медиуми со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Истакна дека „ангажманот кој се прави од еден дел на западната политичка заедница и политичко Сараево“ води кон тоа уште повеќе „да се деградира позицијата на РС“.

„Дојдовме до моментот кога повеќе не можеме да го одложуваме тоа прашање и нашата одбрана е сериозно да размислуваме да донесеме одлука за самостојност и отцепување на Република Српска“, кажа тој.

Додик кажа дека денес на состанокот во Белград го запознал Вучиќ со внатрешните проблеми кои се „многу тешки на ниво на БиХ“.

„Ситуацијата е тешка и оптоварена со постојани барања да се разгради уставната позиција на Република Српска. Кулминираа во едно игнорантно, цинично и безобразно барање да се постави имотот како проблем на ниво на БиХ за тие да го решаваат“, истакна Додик.

Со блокадата која е направена во врска со имотот, додаде, РС не е во можност да разговара со инвеститори, а доведени се во прашање и концесиите кои до сега се даваа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ