сабота, 22 март 2025

Додик: Единствено решение за БиХ е нов договор или раздвојување  

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денес дека „единствено решение за Босна и Херцеговина е или нов договор или раздвојување“, пренесува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Муслиманите не ја сакаат ваква, сакаат унитарна БиХ. Ние Србите сметаме дека ни ја одзедоа автономијата што ја добивме. Хрватите се сосема развластени. Меѓународната заедница е исфрустрирана од неуспехот“, кажа Додик во емисијата Специјал на Радио-телевизија РС (РТРС).

Гости во емисијата беа и претседавачката на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, претседателот на ентитетското собрание Ненад Стевандиќ и премиерот Радован Вишковиќ.

Додик рече дека состојбата во РС е стабилна и мирна и дека така и ќе остане, наведувајќи дека БиХ е поделена зашто „архитектите на Дејтонската спогодба ја завршија работата во врска со тоа оној ден кога ја повлекоа границата меѓу ентитетите“.

Тој најави дека РС „ќе ги враќа една по една надлежностите што ѝ припаѓаат“, и тоа со усвојување на законите во Народното собрание на РС.

Политичката криза во БиХ уследи откако Судот на БиХ на крајот на февруари неправосилно го осуди претседателот на Република Српска Милорад Додик на една година затвор и шест години забрана на вршење на должноста претседател на РС поради „непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ“.

Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик, како и на премиерот на РС Радован Вишковиќ и на Ненад Стевандиќ, претседател на ентитетското собрание.

Тие се осомничени за кривично дело „напад на уставниот поредок“ откако Народното собрание на РС ја донесе, а Додик ја потпиша уредбата со која во Службениот гласник се објавуваат законите за забрана на работата на државните правосудни и безбедносни институции во РС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ