сабота, 5 октомври 2024

Додик: Дража Михаиловиќ и четниците биле борци против фашизмот

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик го величаше четничкото движење од Втората светска војна тврдејќи дека четниците биле борци за слобода, а амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Босна и Херцеговина го нападна бидејќи не ги поддржува таквите тврдења.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додик кај Добој организираше собир по повод годишнината на таканаречената Операција Халјард, преку која четниците на Дража Михаиловиќ од 1944 година, кога веќе било јасно дека Германија ја губи војната, се обиделе од соработници на окупациските сили да се ребрендираат во поддржувачи на Сојузниците со спасување пилоти чии авиони биле соборени над југословенска територија.

Партизаните тоа го правеле со години претходно, а проценката е дека тие спасиле две илјади од околу 2.300 членови на екипажите на сојузничките авиони чии летала биле соборени, додека четниците, и тоа пред крајот на војната, учествувале во спасување на околу 350.

Додик сега тврди дека тоа е клучен доказ дека четниците всушност биле борци против фашизмот, а дека за тоа било забрането да се зборува за време на „комунизмот“, па тој и претседателот на Србија Александар Вучиќ сега се обидуваат да ја исправат таа „неправда“.

„Четничкото движење не се колебало да ги спасува сојузничките пилоти“, кажа Додик, но искажа и гнев поради тоа што американскиот амбасадор во БиХ Мајкл Марфи не дошол да учествува во одбележувањето на годишнината кај Добој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ