четврток, 26 декември 2024

Додик до Србите во САД: Гласајте за Трамп

Претседателот на Република Српска Милорад Додик ги повика сите припадници на српската заедница во Соединетите Американски Држави на претстојните претседателски избори да го поддржат републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Неговото враќање на челото на САД би значело враќање на разумната и праведната надворешна политика од која зависи и глобалната стабилност“, кажа Додик.

Оцени дека РС „заслужува Америка која го почитува дејтонското уставно уредување на Босна и Херцеговина и суверенитетот на локалните институции, наместо онаа која наметнува амбасадорско самоволие и придонесува на нестабилноста“.

„Системот кој го имаат САД и БиХ е заснован на принципите на проверки и рамнотежа, за да се обезбеди рамноправност и да се спречи доминација на една страна. Како што во Америка најмногубројната држава Калифорнија не може да ја наметнува својата волја на целиот сојуз, така и во БиХ мајоризацијата не може да помине и успее“, смета Додик.

Според него, Трамп тоа го разбира, поради што, како што кажа, за разлика од претходните администрации подобро ќе ја разбере и ситуацијата во БиХ.

„Трамп нема да ја жртвува стабилноста и напредокот на БиХ за експерименти и ситни игри на неколкумина кои на тоа изградија кариери и стекнаа пари“, оцени Додик.

Додаде дека „со надеж очекува победа на Доналд Трамп и се радува на новата ера на соработка со Белата куќа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ