Додик кажа дека речиси нема земја која не сака да се види во одредени контакти и соработка со БРИКС, кој го оцени како „мировно движење во светот, кое се обидува да обезбеди стабилност и мир, уважувајќи го суверенитетот, внатрешното уредување, без мешање во внатрешните прашања на другите земји“.
Според него, тоа е „сојуз на независни држави кои своеволно, без какви било притисоци, се вклучуваат во оваа организација со желба светот да биде поправеден и подобар и постабилно место за живот“.
„Тоа е нешто што во униполарниот свет може само да се сонува. Според тоа, ова е реална алтернатива на она што го имаме сега во светот“, истакна Додик, а пренесува Радиотелевизија на Република Срспка.
Тој изрази уверување дека во следниот период и Србија ќе донесе одлуки во врска со БРИКС.
Во Казањ од 22 до 24 октомври ќе се одржи самит на БРИКС.