четврток, 26 декември 2024

Додик: Блокадите не водат кон решение на трагедијата во Нови Сад

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик изјави дека, во услови на глобални турбуленции, секоја дестабилизација на Србија е опасна за српскиот народ, а најштетна е за младите луѓе на кои им припаѓа иднината на Србија. „Вам, на младоста на Србија, ви е потребна стабилна и силна држава. Затоа верувам дека ќе покажете зрелост и одговорност, зашто понатамошното продолжување на блокадите нема да нè доведе поблиску до решение на околностите што доведоа до трагедијата во Нови Сад“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека напротив, таквите постапки ќе бидат злоупотребени од тие кои не сакаат решение туку политизација и слабеење на Србија.

Додик верува дека трагедијата што се случи во Нови Сад длабоко го погоди секој човек, не само во Србија туку и сите во РС.

„Тоа се моменти кога сите ја делиме тагата и кога е природно да бараме одговори“, оцени претседателот на РС, додавајќи дека барањето одговори “сакаат да го искористат за нечие доаѓање на власт, низ некакви преодни или којзнае какви влади“.

Според неговите зборови, тоа никаде не донесе напредок и просперитет, туку со таквите обиди разни препродавачи сакаат Србија да ја прикажат како нестабилна и небезбедна“.

„Таквите сакаат Србија да ја втурнат во судир, поделби, неизвесност“, напиша Додик.

Тој додаде дека и некои од РС сакаат да го искористат тоа за нарушување на братските односи со Србија.

„Постои волја и желба да се разговара, сите да се чујат и да се разберат, и тоа ме радува. Разговорот е единствен начин за решавање на сите прашања, колку и да се тешки“, нагласи Додик.

Наведувајќи дека одговорноста е основа за политичко дејствување, тој рече дека да се разбере тоа не значи да се откаже, туку тоа е чин на сила и мудрост.

„Тоа е начин да го оправдате тоа за што ве смета целиот српски народ – младите се иднината на Србија“, заклучи Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ