понеделник, 24 март 2025

Додик бара поддршка од екстремната десница

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик, кој се соочува со истрага за обид за уривање на уставниот поредок на Босна и Херцеговина, денеска најави дека поагресивно ќе бара поддршка за своите постапки на меѓународната сцена, тврдејќи дека веќе има разбирање за тоа во некои политички кругови во Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во екот на најголемата политичка криза во Босна и Херцеговина од потпишувањето на Дејтонскиот договор, на повикот на Додик во Бања Лука, во саботата пристигнаа членовите на Европскиот парламент Тиери Маријани, познат по своите проруски ставови, и Паскале Пиера од францускиот десничарски Национален собир (РН), исто така членови на групата Патриоти за Европа (ПфЕ).

Додик, покрај Фидес на Орбан, досега имаше поддршка само од екстремно десничарските партии, како што се австриската Слободарска партија, германската АфД и италијанската Лега.

Иако има социјалдемократска ознака во името, партијата на Додик СНСД беше исклучена од Социјалистичката интернационала уште во 2012 година поради застапување на национализам и екстремизам.

По средбата со европратениците, Додик пред новинарите изјави дека им објаснил „дека РС има право да донесува прописи, а БиХ нема“, истовремено повторувајќи ги своите стари тези дека сите институции на државно ниво се всушност неуставни.

На Додик му се придружи и претседателот на Парламентот на РС, Ненад Стевандиќ, кој тврди дека преку соработката со ПфЕ, РС „доби многу моќен сојузник во Европскиот парламент“.

Тиери не ја пропушти приликата да потсети дека и претходно бил во Бања Лука, за да учествува на прославата на 9 јануари, Денот на Република Српска, прогласен за неуставен од Уставниот суд на БиХ, а потоа кажа дека дошол да ги поддржи српскиот народ и Додик и Стевандиќ „како жртви на нелегитимна одлука“.

Тој се пожали дека екстремните десничари во Европа го доживуваат истото како и Додик. „Она што кај вас е ​​(Кристијан) Шмит, тоа кај нас е (Урсула) Фон дер Лаен“, рече францускиот европратеник, нудејќи му на Додик групата ПфЕ да биде негов „портпарол во Европскиот парламент“. Пиера се приклучи на оценката дека во БиХ „се кршат правата на Додик“, велејќи дека таа целосно го поддржува она што тој го прави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ