„Кога Босна и Херцеговина ќе влезе во ЕУ, тоа ќе значи дека ја нема Република Српска. Додека јас ја предводам, тоа нема да се случи. Европскиот пат за БиХ не е она што нам ни го турка Брисел и што го сака Сараево, тие се ставија на страната на муслиманите“, кажа Додик за РТС.
Додик истакна дека Република Српска, која 33 години опстанува во многу тешки околности, има иднина и дека нејзина света задача е да излезе од БиХ.
„Да живее Република Српска! Да живее под слоганот „Родена и создадена да живее вечно!“ Вљубен сум во Република Српска и ја сакам Република Српска. Живеам за Република Српска и нема да се откажам од неа. Сметам дека Српска морам да ја извлечам од БиХ бидејќи нејзиниот опстанок во БиХ со вакви Европејци значи дека за 20 години нема да има ни Република Српска ни Срби на овие простори, или ќе останат само нешто малку полтрони“, изјави претседателот на РС.
Според него, Европа нема ниедна вредност, ниедна сировина, нема лидери, додека владите не можам да управуваат со своите земји, истакнувајќи дека паднаа владите на Австрија, Германија, Франција, а дека во Романија се местат изборите.
„Европа повеќе не е кохезивен фактор. Во последните три години измислија стандарди на приближување кон ЕУ кои сегашните 16 членки не би ги исполниле. Европа ги изгуби христијанските вредности и зошто тогаш РС би одела таму и за што српскиот народ на овој простор би се борел“, кажа Додик.