вторник, 22 октомври 2024

Додик: „Ако ни го чепнете имотот ќе донесеме одлука за самостојност, нема да ви помогне ни ЦИА“

Претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина не е идентитетот на луѓето од РС, и се закани дека ако некој одлучи дека имотот на РС ѝ припаѓа на БиХ, Српска ќе донесе одлука за самостојност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна и дека доколку властите на РС донесат таква одлука на оние кои се против тоа нема да им помогне ни директорот на ЦИА Вилијам Барнс.

Меѓутоа, Додик минатата недела токму по посетата на Барнс на Сараево на својот профил на Икс напиша дека РС никогаш не го спорела суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ во согласност со Дејтонскиот договор и дека сецесијата никогаш не била политиката на тој ентитет.

Претседателот на РС сега повторно зборуваше за единството на српскиот народ, и повторно испрати пораки за самостојност на ентитетот.

„Нема да нè сопрете со приказната дека имаме некаква лоша реторика, или дека зборуваме нешто за минатото. Отфрлете го тоа минато. БиХ не е нашиот идентитет, нашиот идентитет е Република Српска и Србија. Нашиот идентитет не може и не треба никогаш да биде БиХ. Ако ни го чепнете имотот и ако ви падне на памет дека сте, можеби посилни и дека сте одлучиле дека имотот ѝ припаѓа на БиХ, Српска ќе донесе одлука за самостојност“, кажа Додик, а пренесува Кликс.

Тој истакна и дека целта е што повеќе да се поврзат со Србија.

„Ние сме единствен народ. Нашата усвоена Декларација зборува дека не постојат босански, хрватски и вакви такви Срби, туку Срби. Српската Декларација е најсилниот документ во поновата српска политичка историја и нејзиното значење допрва доаѓа“, порача Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ