сабота, 18 мај 2024

Доделени се наградите „Гоце Делчев“ за 2024

Во Собранието на акедонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката.

Објавено на

часот

Сподели

Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана Мартиноска и магистер Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ – од архивските материјали на Васил Хаџиманов.

Пред присутните се обрати Елван Хасановиќ, раководителка на Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука, која рече дека достигнувањата во науката и технологијата фундаментално го менуваат начинот на живот на луѓето.

„Креирањето соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката, како и поголемото инвестирање во науката, се приоритет на нашата држава. Вложувањата во науката и научните истражувања треба да се зголемуваат во континуитет. Владата континуирано се залага за подобрување на националниот екосистем за научното истражување. Значајна сума од националниот буџет се издвојува за поттикнување на научното истражување. Државниот буџет за научно истражување во последните години, двојно е зголемен во споредба со претходните години. Најголемата распределба е насочена кон финансирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура во академијата и јавните истражувачки институции“, нагласи Хасановиќ.

Таа рече дека со наградата „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на државата.

Една од добитниците, Ана Мартиноска рече дека иако различни по својот жанр, јазик, подрачје и идеја, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“.

„Уважувањето на овие дела со наградата „Гоце Делчев“, не е само потврда на нивните академски квалитети, туку и признание за трансформативното влијание што науката го има во обликувањето на разбирањето за Македонија дома и во светот. Таа не само што ги надополнува постојните празнини во објаснувањето на настаните и процесите во државава, туку поставува основа за понатамошни длабински и интердисциплинарни истражувања“, подвлече Мартиноска.

Обраќање имаше и претседателот на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“, академик професор доктор Љупчо Коцарев, кој им ги додели наградите на добитниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ