среда, 29 мај 2024

Доделени наградите на МАИ за достигнувања во издаваштвото меѓу двата саеми на книгата

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15 април донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

  1. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА ЕДИЦИЈА

Основен критериум е уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн. Учествуваат и новоформирани едиции и едиции кои биле квалитетно надградени во текот на изминатата година.

  1. место: едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“)
  2. место: едицијата „Бранови“ („Антолог“)
  3. место: едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“)

 

  1. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБАР ДИЗАЈН НА КОРИЦА

Награда за оригинален дизајн на корица.

  1. место: „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“)
  2. место: „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“)
  3. место: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“)

 

  1. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРО ЛИКОВНО-ГРАФИЧКИ УРЕДЕНО ИЗДАНИЕ

Награда за највпечатлив целосен дизајн (корица + внатрешност) на издание за возрасни.

  1. место: „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“)
  2. место: „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“
  3. место: „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“

 

  1. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРА КНИГА ЗА ДЕЦА

Оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници).

  1. место: „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “)
  2. место: Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“)
  3. место: „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“)
  4. ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈКРЕАТИВНО ИЗДАНИЕ

Во оваа категорија влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност. Притоа, се оценува иновативниот пристап и уникатноста на изданието во рамки на нашето издаваштво.

  1. место: „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“)
  2. место: „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“)
  3. место: „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“

 

  1. ПРИЗНАНИЕ ЗА АВТОР НА ГОДИНАТА

Критериуми кои се земаат предвид при доделувањето на наградата и за кои е потребно образложение од страна на издавачите во апликациите:

  • популарноста и влијателноста на авторот во културно-општествената средина и неговиот придонес во афирмација на книжевноста во и надвор од државата;
  • број на странски преводи на дело/дела од авторот во периодот меѓу двата саема;
  • успесите од продажбата (број на продадени примероци)..

Наградена: Лидија Димковска („Три“)

 

  1. ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Комисијата избира проект или листа на проекти за корпоративна општествена одговорност приложени од страна на издавачите, заедно со постигнатите резултати.

  1. место: Сликовница „Другарко“ од Денис Јанкуловски, илустраторка: Наташа Костовска („Прозарт медиа“)
  2. место: „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“)
  3. место: Проект „Да ти ја раскажам мојата приказна“ („Сказнувалка“)

 

  1. СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ПРОМОТОР НА ЧИТАЧКАТА КУЛТУРА

Комисијата избира поединец (новинар, критичар, блогер, инфлуенсер на социјални мрежи) или организација (издавач, библиотека или друга организација), кои во периодот помеѓу двата саеми се истакнале со својот труд во промоцијата на читачката култура. Поединци и организации можеа да предложат и издавачите и членовите на комисијата. Во категоријата не можеа да се натпреваруваат проекти на издавачките куќи.

Наградена: Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје за кампањата „Читаме современи македонски автори“

Комисија:

Николина Андова Шопова, писателка

Биљана Стојановска, поетеса и новинарка

Ива Јованова, графичка дизајнерка

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ