сабота, 27 јули 2024
Апел за помош на семејството Богдановски од Јурумлери

Додека спиеле им горела куќата, градоначалникот Стефковски даде финансиска поддршка за семејството кое остана без дом (ФОТО+ВИДЕО)

Од семејната куќа им останале само ѕидови, пепел и црнила, а од убавите моменти само сеќавања. Пожарот кој што пред една недела избувна во куќата на семејството на Зоран Богдановски од скопско Јурумлери им уништи речиси сè. Она што го печалеле и за кое се трудиле целиот свој живот и во годините наназад, за неколку минути го проголтале пламените јазици. На маката на ова семејство на кое му треба финансиска помош одговори градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Општината помогна со еднократна парична помош, а Стефановски ги повика сите општествено одговорни компании, но и хумани граѓани да помогнат за Богдановски да може да изградат нов дом.

Објавено на

часот

Сподели

Среќа во несреќа е што Зоран, неговите деца и внуци кои биле во домот за време на пожарот останале неповредени, но сепак по траумата и трагедијата која ја преживеале потребна им е помош. Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

„На ден 04.06.2024 година во 04:00 часот наутро во пожар целосно изгоре домот на семејството Богдановски во Јурумлери. Пожарот за миг ја пеплосал скоро целата куќа во која живеат Зоран со неговата ќерка, зет и внучиња кои биле во домот за време на пожарот и за среќа успеале да излезат неповредени. Како локална самоуправа ќе дадеме соодветна финансиска поддршка со цел возобновување на овој дом. Ја користам оваа прилика, да ги поканам сите хумани, сите добронамерни луѓе и градежни компании да дадат поддршка со цел семејствата побрзо да се вратат во нормалниот тек на функционирање“, изјави Стефковски.

Сите хумани граѓани имаат можност да донираат на следната сметка која е на ќерката на Зоран:

270-7000494939.08 – Халк Банка, со ознака донации на име на Маја Ѓорѓиев.

 

Стефковски вели дека како градоначалник ќе достави предлог до Советот за определување на финансиска поддршка за реконструкција на домот на семејството Богдановски.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ