Среќа во несреќа е што Зоран, неговите деца и внуци кои биле во домот за време на пожарот останале неповредени, но сепак по траумата и трагедијата која ја преживеале потребна им е помош. Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
„На ден 04.06.2024 година во 04:00 часот наутро во пожар целосно изгоре домот на семејството Богдановски во Јурумлери. Пожарот за миг ја пеплосал скоро целата куќа во која живеат Зоран со неговата ќерка, зет и внучиња кои биле во домот за време на пожарот и за среќа успеале да излезат неповредени. Како локална самоуправа ќе дадеме соодветна финансиска поддршка со цел возобновување на овој дом. Ја користам оваа прилика, да ги поканам сите хумани, сите добронамерни луѓе и градежни компании да дадат поддршка со цел семејствата побрзо да се вратат во нормалниот тек на функционирање“, изјави Стефковски.
Сите хумани граѓани имаат можност да донираат на следната сметка која е на ќерката на Зоран:
270-7000494939.08 – Халк Банка, со ознака донации на име на Маја Ѓорѓиев.
Стефковски вели дека како градоначалник ќе достави предлог до Советот за определување на финансиска поддршка за реконструкција на домот на семејството Богдановски.
К.Д.