сабота, 27 јули 2024
„Кралевите“ имаат конкуренција

Додека Реал Мадрид калкулира, ПСЖ добил понуда од 200 милиони евра за Мбапе

Објавено на

часот

Сподели

Се чини дека Килијан Мбапе ова лето ќе го напушти Париз и Реал Мадрид се посочува како главен фаворит за потписот на напаѓачот.

Но зделката е комплицирана бидејќи ПСЖ бара 200 милиони евра за трансфер, а фудбалерот сака да му биде исплатена и последната година од договорот плус богатите бонуси за лојалност.

И додека „кралевите“ калклуираат, новинарот Еду Агире објави дека Ливерпул до ПСЖ испратил понуда вредна 200 милиони евра.

Тој исто така додава дека платата на Килијан Мбапе нема да биде проблем за клубот од Енфилд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ