Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат денеска. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува.
Опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи.
Во меѓувреме, се очекува да започне увидот на Министерството за внатрешни работи.