сабота, 27 јули 2024
Прес конференција на министерот Демири

Додека Германија не даде дозвола, на Клинички ќе се оперираат итните случаи со надворешни компресори

Министерот за здравство, Илир Демири, денеска на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе се користат надворешни компресори додека не се добие валиден документ за исправност. Бидејќи во Македонија нема лиценцирана лабораторија за издавање на таков документ, мострите од компресираните станици се испратени на испитување во Германија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Демири кажа дека во Македонија нема лиценцирани лабортории кои би дале дозвола за квалитетот на испорака гасови и воздух преку компресираните станици, па затоа само за интерна употреба биле ангажирани фирмите Пегаз и Дрегер, но и тие не можат да го гарантираат квалитетот на воздухот.

„Од двете компании не најдоа никаков недостаток на компресорните станици освен што има влага и препорачаа филтрите на тие станици да се менуваат. Затоа денеска се испратени мостри во Германија. Затоа решивме да се откажат сите операции освен итните случаи, а другите да се препраќаат во Градската болница 8 септември и во Градската болница. Во меѓувреме набавени се 6 компресори за итните случаи бидејќи ако апаратите се приклучат на надворешен компресор воздухот е чист и не мириса. Затоа дадов наредба да се истражи од каде доаѓа миризбата, а ги чекаме и анализите од Германија“, рече Демири.

Според министерот, проблемот со затворањето на операционите сали на хируршките клиники при Клиничкиот центар Мајка Тереза е хаварија во компресорската станица.

„Додека не заврши ова испитување и не дојдат анализите од Германија кои се испратени, хируршки центар ќе се послужи со надворешни компресори“, рече тој.

Тој кажа дека нема информација дека можна причина за смрдеата на хируршките клиники е бактеријата мрса но не ја исклули и таа можност.

„Тоа се сали во кои секогаш може да се најдат и бактерии и во таков случај истите веднаш се затвораат, се дезинфицираат па повторно се пуштаат во употреба“, рече Демири.

Итните случаи на пациенти, како што кажа се пренесуваат во Општа Градска болница и во болницата 8 септември.

Што се однесува до одговорноста и кој е виновен за овој крах на хируршките клиники, Демири рече дека тоа треба да го утврди истрагата на Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ