петок, 1 ноември 2024

Додека едни се гасат други пак се разгоруваат, надлежните мака мачат со пожарите

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, шест се под контрола и три се изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на ЦУК активни се пожарите во Македонски Брод, во пределот меѓу селата Тажево и Брезница на кракот кон Националниот парк Јасен, вториот активен пожар е на територија на две општини, Демир Хисар и во Општина Охрид, на Илинска Планина, во реонот кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани и третиот активен пожар е, исто така, на територијата на две општини, во Општина Дојран и Општина Богданци во реонот кај селото Фурка во правец кон Богданци. Во општините Македонски Брод и Охрид повторно се активираа пожарите кај село Слатина односно на планината Галичица. Гори и во Чашка кај селата Папрадиште и Ореше и во Петровев кај селото Градманци.

Шест од пожарите на отворен простор се под контрола и тоа во Општина Охрид помеѓу селата Косел – Расино – Опеница – Вапила, во Пробиштип помеѓу селата Зелениград и Јамиште, Македонски Брод кај село Слатина, во Пласница кај село Латово кој е сѐ уште чади и во селото Пласница кој е изгаснат, во Делчево каде гори депонијата, во Зелениково кај село Вражале и во Општина Студеничани меѓу селата Драчевица и Црвена Вода.

Според информациите на ЦУК, изгаснати се три пожари на отворено во општината Гостивар два пожари и еден во Општина Валандово кај селото Пирава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ