среда, 15 јануари 2025

Доброволното противпожарно друштво од Кочани бара помош за комплетирање на опремата

Доброволното противпожарно друштво – Кочани го прошири својот возен парк со уште едно ново возило, кое е четврто по ред во единицата. Се работи за теренско АТВ возило, односно интервентен четирицикл кој поради алармантната состојба со пожарите во изминатите неколку дена веднаш беше испратен на терен.

Објавено на

часот

Сподели

За комплетирање на возилото со соодветна противпожарна опрема, односно со пумпа и резервоар, потребни се дополнителни финансиски средства, со кои Друштвото не располага. Поради тоа пожарникарите волонтери упатуват повик до сите граѓани, институции и правни лица да помогнат со свои донации.

„Колку побрзо се соберат парите и се изврши надградба, дополнително ќе се зголеми оперативноста и ефикасноста на возилото. Во интерес на времето, ги повикуваме сите општествено-одговорни компании и граѓани, ако се во можност да помогнат и средствата да бидат обезбедени“, истакнуваат до ДПД – Кочани.

Во јавниот повик за донирање е нагласено дека во план е да се набави уште еден четирицикл, два мотоцикли за движење по тешко пристапни терени, едно пикап возило со погон на сите четири тркала и друга противпожарна опрема.

За прибирање на донациите веќе се користи можноста што преку интернет ја нуди платформата е-крауд, со што освен донаторите од државата, можат да се вклучат и наши граѓани кои живеат и работат во странство. Исто така, донирањето може да се направи и директно на трансакциската сметка на ДПД – Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ