сабота, 27 јули 2024
Изјава по големиот пожар во Скопје

Добро е што Универзална сала се запали празна, а не се урна полна, вели ексдиректорот Поповски

Душко Поповски, поранешен директор на Универзална сала, за медиумите изјави дека добро е што објектот се запалил празен и што не се урнал. Пред медиумите тој емотивно говереше дека ваков објект не смеел да работи и дека во периодот од 2005 до 2009 година, кога тој бил на раководната функција, имало проект за реконструкција и градба, но не се реализирал.

Објавено на

часот

Сподели

„Видно ме вознемири веста дека гори Универзална сала и веднаш дојдов овде на местото. Овој објект беше на граница на употреблива вредност во периодот додека јас бев директор, односно од 2005 до 2009 година. Ваков објект не смееше да работи. Сличен ваков објект во Бугарија изгоре за 7 минути. Мојот најголем страв беше дека ќе се случи пожар и еве се случи. Овој објект беше синоним за сите луѓе во Македонија и жалосно е дека толку беше измалтретиран објектот. Уште во 2005 година кога стапив на должност имаше проект за реконструкција и проект за доградба, но тоа не се реализира. Среќа што се запали празен, а не се урна, и добро е што нема жртви“, изјави Душко Поповски, кој раководеше со Универзална сала од 2005 до 2009.

Денес во 9.48 добиена е пријава во МВР дека гори Универзална сала. Еден час подоцна големиот пожар, кој ги вознемири скопјани, беше ставен под контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ