сабота, 27 јули 2024

Добрила и Дориан оставиле силен впечаток со концертот во Тирана

„Граѓаните на Тирана сакаат да слушнат нешто ново, оригинално, уметноста да има врска со земјата од каде што доаѓаат артистите. Затоа силен впечаток ни остави настапот на Добрила и Дориан. Очигледно е колку публиката е задоволна. Ние во Албанија добро ја познаваме класичната музика, па и Италија е наш сосед, затоа и очекуваме да слушнеме нешто посебно и ова е тоа“, рече по завршување на концертот на Добрила и Дориан дуо, Фатос Ќеримај, долгогодишен професор на Музичката академија во Тирана.

Објавено на

часот

Сподели

„Добрила и Дориан дуо вчеравечер за првпат настапија во Тирана и оставија одличен впечаток.Нивната музика се потпира на она што се македонски традиционални мотиви, меѓутоа храбро одат и подалеку од тоа. Ослободувајки се од стапицата да повторуваат традиционални мотиви, Добрила и Дориан се впуштаат во река од импровизации, користејки електроника, лупови и различни стилови, Сето тоа делува хипнотички врз публиката. Концерт беше мирен, медитативен, нежен, дурски лиричен, музиката остави некој талог на филмско чувство меѓу луѓето. Големо изненадување. Ако направиме мала паралела, нивниот настап потсети на еден брилијантен концерт од Јан Гарбарек и Еберхард Вебер, пред многу години на Скопскиот џез фестивал, меѓутоа само како блага асоцијација“, вели Златко Ориѓански, директор на македонскиот Културно информативен центар во Тирана.

Тој додава дека директорката на Cloud festival, Едит Пула, веднаш по завршувањето на концерот, напиша коментар со големи комплименти, „дека овој концерт е нешто најдобро што се случило годинава на овој фестивал“.

Ориѓански вели дека Културно информативниот центар во Тирана, изминативе 20 дена имаше шест настани, каде се претставија 70 уметници од Македонија. Во подготовка е е сликарска изложба која заеднички ке биде подготвена во соработка со македонската Национална галерија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ