сабота, 27 јули 2024
Дефанзивецот на Рома добро ги исплаши сите

Добри вести: Ендика немал срцев удар, може веќе денес да ја напушти болницата

Фудбалерот на Рома, Еван Ендика сепак не доживеал срцев удар, неговата состојба и стабилна и се очекува во текот на денот тој да ја напушти болницата.

Објавено на

часот

Сподели

Еван Ендика добри ги исплаши сите на синоќешниот натпревар помеѓу Удинезе и Рома, дефанзивецот во еден момент од второто полувреме, седна на тревата и се пожали на болки во градите.

На носилки веднаш беше изнесен од теренот, и пренесен во болница откако во соблекувалната му било направено ЕКГ.

За среќа не се работи за срцев удар, во моментов состојбата на Еван Ендика е стабилна и се очекува тој во текот на денот да ја напушти болницата во Удине.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ