Тој ќе стартува од второто коло, а според имињата на тенисерите, не би требало да има проблеми до завршната фаза. Ако нема изненадувања, во четвртфиналето ќе го очекуваат Хуркач или Руд, а во полуфиналето, еден од Медведев, Руне, Димитров и Фриц. Од сите нив, само Медведев му е реална закана на првиот светски рекет. Теоретски, во полуфиналето е можно да се сретне со Рафаел Надал кој се враќа на Мастерс серијата, но Шпанецот како 652-рангиран на АТП листата има толку тежок пат што прашање е дали ќе ја помине и првата рунда во која се среќава со Милош Раониќ.
🚨🇷🇸🇺🇸 Novak Djokovic’s Indian Wells Draw:
R1 – BYE
R2 – Vukic/Q
R3 – Etcheverry
R4 – Humbert/Paul
QF – Hurkacz/Ruud
SF – Medvedev/Rune/Dimitrov/Fritz
F – Alcaraz/Sinner/Zverev/Rublev pic.twitter.com/bn80wfsjgF— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) March 5, 2024
На другата страна од ждрепката се вториот и третиот светски рекет, Карлос Алкараз и Јаник Синер, како и Циципас, Зверев и Рубљев што е најава за многу понеизвесни и поинтересни дуели од оние каде што се наоѓа Ѓоковиќ.
Мастерсот во Индијан Велс почна во неделата со квалификациите, но најдобрите тенисер се вклучуваат в сабота. Новак Ѓоковиќ има шанса да стане најуспешен тенисер во историјата на овој турнир бидејќи во моментов со по пет титули, го дели првото место со Роџер Федерер. Последниот трофеј го освои во 2016 година.
Buongiorno, Italia! ☕️
Nella notte sono usciti i tabelloni completi di Indian Wells! 👇🇺🇸 pic.twitter.com/yo4juaMhHv
— Quindici Zero 🎾 (@quindicizero) March 5, 2024