петок, 18 октомври 2024

Добитничката на рекордниот Супер милионер ќе си купи кола и куќа

Објавено на

часот

Сподели

Рекордниот Супер милионер во петокот го освои А.Н. од Струга, мајка на три деца. Таа пристигна во просториите на Видеолотарија касинос Австрија, споделувајќи ја својата среќна приказна.

Како редовен играч на видеолотариските игри и претходно се радувала на добивки, но ова е досега најголемата вредност која ја освоила. Интересно е дека за малку, ќе се откажела. Таксито кое го очекувала, задоцнило, па таа додека чекала, продолжила со играта, кога пријатно ја изненадил среќниот сигнал, посакуван од секој играч.

Во друштво на своето семејството, сподели дека со парите од освоената добивка, фантастичните 20.577.224,00 денари, сака да си купи нова кола и нова куќа.

20.577.224 денари  е рекорден износ на најпосакуваниот ВЛТ џекпот, Супер милионер, кој е со дефиниран опсег на добивката од 14 до 21 милион денари.

                                                                                                                                                   Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ