сабота, 27 јули 2024

Добар одзив – за една недела 10 илјади граѓани се вакцинирале против грипот

За вакцинирање против сезонскиот грип досега се пријавиле 51.649 граѓани, а вацината веќе ја примиле над 10.000 лица. Годинава се обезбедени 60 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории граѓани и здравствените работници кои се бесплатни, додека центрите за јавно здравје обезбедуваат вакцини кои се плаќаат за граѓани кои сакаат да се вакцинираат, а не спаѓаат во ризичните категории. Граѓаните за вакцинација може да се пријават преку веб-страницата: vakcinacija.mk каде ќе добијат СМС-порака со информација каде можат да дојдат и да се вакцинираат против сезонски грип.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска, го посети вакциналниот пункт во Поликлиника „Бит-пазар“ каде изразил задоволство од досегашниот одзив на граѓаните и истакнал дека вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки компликации, особено кај ризичните групи.

д

„Само за една недела во вакциналниот пункт во Поликлиника ‘Бит-пазар’ вакцина против сезонски грип примиле 824 лица, а термин за вакцинација закажале 3.957 граѓани. Податоците на ниво на целата земја го потврдуваат високиот интерес на граѓаните за оваа вакцина, досега се евидентирани 51.649 пријавени и над 10.000 имунизирани граѓани“, информираше Меџити.

д

Министерот Меџити посочи дека сезонските вакцини се безбедни и ефикасни и играат значајна улога во намалувањето на ширењето на заразните болести, потенцирајќи дека одлуката за имунизација значи посветена грижа за сопственото здравје, но и за благосостојбата на целото наше општество.

фг

„Од витално значење е да се подигне свесноста за придобивките од вакцинацијата и сите заедно да бидеме посветени на нашите заложби да се заштитиме себеси и тие околу нас. Важно е нашата заедница да биде добро информирана и да ги охрабриме сите граѓани, а особено тие кои припаѓаат на ранливите групи да ја искористат можноста за имунизација која може да значи и спас на животи“, истакна Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ