четврток, 9 јануари 2025

Доаѓа генерацијата бета: бебињата што се раѓаат сега ќе сведочат на преминот во 22 век

Сите родени од 2025 до 2039 година ќе ѝ припаѓаат на бета генерацијата, која ќе биде сведок на транзицијата на човештвото во 22 век, велат од истражувачката компанија Меккриндл.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува дека до 2035 година генерацијата бета ќе сочинува 16 отсто од светската популација и таа, како и претходната, алфа, ќе биде дефинирана од технологијата.

Компанијата Меккриндл истакнува дека животот на генерацијата бета ќе се врти околу вештачката интелигенција и автоматизацијата, додека тие ќе се соочат со социјалните проблеми како климатската криза и промените на населението, пренесува Бизнис инсајдер.

Терминот на оваа и на претходните генерации го дефинираше Марк Меккриндл, основачот на оваа истражувачка компанија.

Временската рамка на современите човечки генерациски линии, според компанијата Меккриндл, почнува од тивката генерација, која ја сочинуваат родените од 1928 до 1945 година.

Генерацијата бумери е претставена со оние родени помеѓу 1946 и 1964 година, генерацијата икс од 1965 до 1980 година, додека „милениумците“ или генерацијата ипсилон се сите родени од 1981 до 1996 година.

Следува генерацијата зет, која ги вклучува луѓето родени од 1997 до 2009 година, потоа генерацијата алфа од 2010 до минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ