среда, 12 март 2025

До крајот на март нови 60 километри автопат

Нови 60 километри патишта на три различни локации се очекуваат да завршат до крајот на месецов, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на граничниот премин „Маркова Нога“ на македонско-грчката граница.

 

Објавено на

часот

Сподели

Патишта во должина од 60 километри се градат и реконструираат помеѓу Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово-Гостивар.

Мицкоски соопшти дека се решени имотно-правните односи. Изградбата на патишта ќе овозможи подобра конекција помеѓу градовите и туристичките места.

„Импресивно делува сето тоа, бидејќи до крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, Гостивар-Букојчани, Прилеп-Битола и Тетово -Гостивар, 60 километри фронт решени имотно-правни односи, нешто што не можеа не можеше претходната влада во рокот две до три години да го помисли, сега за неколку месеци е веќе решено. И добро е тоа што ќе се реализираат овие проекти и доброто е тоа што граѓаните ќе можат да ги користат и на безбеден начин да комуницираат од еден во друг град и нормалното е добро за туристичката сезона во Охрид, бидејќи и нашите туристички центри не само Охрид туку и останатите бидејќи, на побрз начин туристите ќе можат да дојдат до останатите туристички места“, изјави Мицоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ