четврток, 24 октомври 2024

До крајот на август треба да биде објавен првиот повик од ИПАРД 3 програмата

Објавено на

часот

Сподели

Повикот ќе биде вреден над 20 милиони евра и ќе трае 45 дена, со продолжување од две недели.

Заедно со последниот ИПАРД 2 повик проектиран на 8,8 милиони евра, што беше објавен на 4 август, на располагање во земјоделството ќе бидат ставени околу 30 милиони евра само преку ИПАРД.

„Први го почнуваме ИПАРД 3, пред која било земја во регионот. Сите одобренија за Северна Македонија за старт на ИПАРД 3 се завршени. Минатиот петок стигна одлуката од Брисел за скратена постапка за акредитација на мерките 1, 3, 7 и 9. Практично, за сите постојни мерки од ИПАРД 2 добивме реакредитација. Тоа значи дека веќе влегуваме во процесот, поради што очекувам првиот повик од ИПАРД 3 да биде до крајот на август“, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според него, деновиве се очекува да биде потпишана и финансиската спогодба која ги распределува вкупните средства по мерки и години. 

Вкупниот кофинансирачки дел на ИПАРД 3 ќе биде 120 милиони евра од кои 97 милиони евра се неповратни средства од ЕУ.

Aко ИПАРД 3 заврши успешно, како што напоменува Николовски, тоа ќе значи 250 милиони евра инвестиции во агро секторот.

ИПАРД 3 Програмата е 62 отсто финансиски „потешка“ од ИПАРД 2. Во неа, новина е тоа што се oвозможуваат авансни исплaти до 50 отсто од висината на поддршката, веднаш по потпишување на договорот за инвестиција. Тоа зна;и, на пример, дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на средствата е 60 проценти, апликантот преку авансното финансирање со склучување на ИПАРД договорот ќе добие 50 отсти од средствата или 30.000 евра однапред. Се воведува и нов начин во обезбедувањето на потребната документација. Ќе се користат електронски системи за документи од Централен регистар или за одобренија за градба, со што ќе се поедностави, олесни и забрза процесот, а ќе се намалат и трошоците на корисниците.

Досега, просечната вредност на инвестициите во мерката 1 беше 17.000 евра, во мерката 7 вкупно 168.000 евра, додека во мерката 3 каде аплицираат сите извозно ориентирани компании е 246.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ