Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 15 до 24, а максималните дневни ќе достигнат до 43 степени.
Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.
Лекарите препорачуваат да се носи лесна облека во бели или светли бои, со шапка на главата, на сонце да се избегнува подолго задржување, а да се избегнува подолг престој најдвор во најтобплиот дел од денот, од 11 до 17 часот. Секако, потребно е да се внесува повеќе вода, може да се пијат безалкохолни пијалаци, но да се избегнуваат алкохолните и треба да се води сметка да не се јаде многу мрсна и зачинета храна.