сабота, 27 јули 2024

До четврток дожд, од петок потопло време

До четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, кој ќе достигне и над 60 километри на час.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Минималната температура ќе се движи од шест до 14, а максималната од 15 до 30 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ