петок, 18 октомври 2024

До 2024 сите треба да ги смениме пасошите и личните карти, по нови цени

Објавено на

часот

Сподели

Цената на патната исправа за лице до 27 години останува непроменета – 1.500 денари, но пасошот за лице над 27 години ќе изнесува 2.000 денари. Досегашната цена беше 1.500 денари. И новите лични карти ќе бидат поскапи за 120 денари – новата цена е 310 денари.

Промената на возачката дозвола до сега чинеше 280 денари, а новата цена со новото име на државата е 410 денари.

И итните постапки за вадење нови документи поскапеа –  цената на пасошот по итна постапка изнесува 6.100 денари, што е зголемување за 1.600 денари. Цената на возачката дозвола по итна постапка изнесува 1.230 денари, што е зголемување за 390 денари.

Од МВР велат дека поскапувањето се должи на зголемените набавни цени на увезените обрасци, зголемените трошоци за одржување на системот кој се врши од страна на странски економски оператор, како и набавката на нови машини поради укажаната потреба од замена на веќе дотраените машини за персонализација.

До февруари 2024 година, граѓаните имаат законска обврска да ги сменат сите лични документи на кои наместо досегашното име Република Македонија, треба да стои новото име Република Северна Македонија, кое произлезе од Преспанскиот договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ